26 Април, 2024
0.0264

(ВИДЕО) Ова се петте најстари држави во светот

Објавено во: Стил 17 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Некои имиња на оваа листа можеби ќе ве изненадат, додека некои воопшто нема да претставуваат изненадување. Ви откриваме кои држави се сметаат за најстари на светот.

Сан Марино

Географски, трета по ред најмала држава во Европа, според легендата е основана во 301 година.

Сан Марино тврди дека е најстара документирана независна уставна република во светот. Независноста на Сан Марино започнала со основање на манастирска заедница предводена од Свети Марин на 3 септември 301 година. 

Марин го напуштил Раб, тогашна римска покраина на Арба, во 257 година кога тогашниот иден император Диоклецијан издал декрет за реконструкција на градските ѕидини на Римини кои претходно биле уништени од лубурниските пирати.

Народна Република Кина

Позната уште и како најбројна држава на светот, Кина е една од најстарите цивилизации на човештовото. Годината 221 пред новата ера често се зема за година на нејзино настанување, бидејќи таа тогаш е обединета во големо царство, а првиот кинески цар Чин Си Хуанг прв ја обединил.

После кинеската граѓанска војна завршена во 1946 година, Комунистичката партија ја преземала власта над главниот дел на Кина.Кинеската народна партија Куоминтанг се повлекува на Тајван кој не бил под власт на комунистите и  Мао Цетунг на 1 октомври 1949 ја прогласува Народна Република Кина.

Јапонија

За основач на островското царство на Далечниот исток се смета царот Џим од 7 век пред новата ера. Сепак, западните историчари и современи јапонски историчари веруваат дека приказната за царот Џим е легенда, иако поголем дел од јапонската културна историја е заснована на вистинитоста на таа приказна. Археолошките испитувања покажуваат дека луѓето во Јапонија живееле дури и во период на горниот палеолит.

Египет

Египет претставува многувековна држава, која се наоѓала во североисточна Африка, по долниот тек на реката Нил. Се смета дека во Египет имало населување на човекот дури пред 250 000 години. Во текот на 4000 година п.н.е. од многу мали територијални единици – номи, биле создадени две големи империи - Горен и Долен Египет со главни градови Ераконопол и Буто. Успехот за создавањето и обединувањето на државата се припишува на управникот на Горен Египет - Менес. Во времето на неговото владеење (3100 п.н.е.), главен град станал Мемфис, кој се наоѓал во јужниот дел на реката Нил. Првите споменици, кои се напишани со египетски хиероглифи се однесуваат кон крајот на четвртото и почетокот на третото ијладалетие п.н.е.

Фараонот Менес ја основал државата Египет и започнал династија на фараони која владеела со земјата преку 3000 години. Големите пирамиди и Сфинги останале како тестамент на историјата на древен Египет.

Иран

На подрачјето на Иран, поточно Белуџистан, се пронајдени остатоци од човечко дејствување уште во добата на долниот палеолит од кои најстарите датираат и од 80 000 години . Иран е така наречено родно место на Персиското царство кое започнало со обединување на древните ирански народи -Меџани или Медијаци. Археолошките истражувања кои се пронајдени се докази дека Иран има многу стара цивилизациска историја и дека на таа територија се создавани градови дури пред 5 000 години.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти