27 Април, 2024
0.0263

(ВИДЕО) Овој рај на земјата тоне со голема брзина: На волшебниот остров му се заканува целосно исчезнување

Објавено во: Свет 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Ако навистина постои уште некој кој искрено не верува во тоа како климатските промени брзо го уништуваат животот на нашата планета, би требало да посети некоја од бројните океански нации на кои им се заканува исчезнување.

Сејшели, државата сместена преку пат од Сомалија во Индискиот океан, со 92 000 жители се бори на преживее на 459 км квадратни и тоа на 115 острови кои исчезнуваат поради растот на нивото на морето.

Уште во 1998 година Сејшелите ги упропаситил Ел Нинјо кој површинскиот слој така го загреал што загинале 90 отсто од гребените во тој архипелаг. Следеле поплави и низа неволји поради кои страдале рибарството и земјоделството, економските гранки на кои почиваат повеќе од половина од тамошната економија. Ел Нинјо Сејшелите ги удрил и во 2016 година поради што површината на таа земја под корални гребени се намалила од претходните 50 на само 5 отсто.

И додека Ел Нинјо е катастрофална природна појава која се појавува секои две до седум години кога Ел Нинјо удри сега, во време на климатски промени, тој е кобен бидејќи промените влошуваат до екстреми. 

За мерење на климатските промени и нивните последици на Сејшелите не е потреба ниту НАСА ниту океанографски институт во Постсдам ниту било која научна установа.

„На сите кои уште се сомневаат  во климатските промени, ние можеме да им покажеме фотографии како денес стојат овде работите поинаку од порано. Имаме ерозија на брегот. Имаме поплави какви што сме немале никогаш, температури високи како никогаш порано“, изјавила за СиЕнЕн Лиса Лапорте Бујсе која на Сејшелите води свој пансион, поточно на југоисточниот крај на најголемиот остров Махеа.

Таа вели дека претходно точно знаеле во кој ден ќе почне сезоната на дождови, а сега имаат суша како никогаш во историјата.

„Кога ни умрат коралите, и ние ќе умреме. Се ни зависи од нив“, рекол Сави Леблонд, водач на проектот Програма на островот Церфа.

Риби има се помалку, како и морски билки, коралите всушност покриваат помалку од 0,1 отсто од површината на морето во светот, а во нив се наоѓаат 25 отсто од светскиот морски биодиверзитет. 

Океанските нации затоа се први на кои им се заканува умирање од глад, болести, природни катастрофи и загуба на тло како последица на климатски промени. Тие затоа се редовно и најжестоко за конкретни мерки во борбата против климатските промени на светските конференции.

За сето ова време, Сејшелите се борат како знаат и умеат. Се обидуваат да одгледуваат корали со сопствени методи, градат бедеми од карпи и се надеваат дека светската елита конечно ќе потклекне под она што бара огромно мнозинство човештво.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни