(ВИДЕО) ПЕКОЛЕН НАФТОВОД ВО МЕКСИКО: Над 20 мртви и 70 повредени во експлозија предизвикана од крадци
Објавено во: Свет 19 Јануари, 2019
Една од најужасните експлозии на нафтовод во поновата историја го потресе Мексико.
Над 20 лица настрадале додека над 70 се повредени кога експлодирал нафтовод во централно Мексико, соопштуваат светските агенции.
Властите сметаат дека несреќата се случила кога крадци се обиделе да украдат гориво и ги пробиле цевките, пренесе Ројтерс.
Гувернерот на мексичката држава Идалго Омар Фајад потврдил дека спасувачите пронашле 21 мртво тело, а дека пожарот уште не е изгасен.
-Постои многу врело подрачје на кое не можеме да му пријдеме, и затоа мислиме дека бројот на мртви или повредени би можел да биде поголем-рекол Фајад.
Кражбата на гориво во Мексико минатата година го оштети државниот буџет за околу три милијарди долари.