26 Април, 2024
0.0262

(ВИДЕО) ПЛАЌААТ ДА СЕ ДОСЕЛИТЕ: Италијански град нуди 2000 евра

Објавено во: Стил 20 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Италијанскиот град Кандела плаќа по 2000 евра на луѓето кои ќе се доселат. 

Градоначалникот Никола Гата сака да го оживее овој средновековен град кој имал 8000 граѓани, а денес има 2.700 жители. 

„Секојдневно работам на Кандела да ѝ го вратам стариот сјај“ - вели тој. 

Ова место се соочува со проблемот да биде град на духови. 

Но, Гата работи на тоа да го спаси градот од „умирање“. 

Се нудат 800 евра за поединци, 1200 за парови, 1500 до 1800 за трочлени семејства и за семејства со 4 члена се даваат по 2000 евра. 

Но, има и три услови. Жителите мора да живеат во Кандела, да изнајмат куќа и годишно да имаат приход од најмалку 7500 евра. 

Шест семејства од северна Италија веќе се доселиле, а најавени се уште пет. 

Оние кои тука живеат велат дека имаат квалитетен живот, а злосторство немало цели 20 години. 


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти