(ВИДЕО) По два силни земјотреси ги „удри“ цунами
Објавено во: Свет 28 Септември, 2018
Цунами високо до три метри го погоди градот Палу во Индонезија откако имаше два земјотреси.
Метеоролошките служби објавија дека нивото на водата постепено се намалува.
Властите потврдија дека има 5 загинати, без да наведат дали починале поради земјотресот или цунамито.
Минатиот месец, серија земјотреси го погодија индонезискиот остров Ломбок, при што загинаа стотици луѓе – најсилниот беше на 5-ти август кога загинаа повеќе од 460 лица.
Земјотресот со јачина од 7,5 степени го погоди индонезискиот остров Сулавеси.
Беше издадено предупредување од цунами, но по еден час беше повлечено.