(ВИДЕО) ПО ЖЕШТИНИТЕ, АВСТРАЛИЈА ДОЖИВЕА ПОТОП: Еден град е под вода
Објавено во: Свет 04 Февруари, 2019
Делови од Австралија ги зафатија катастрофални поплави, по високите температури околу 50 степени.
Таунсвил во Квинсленд е скоро целосно потопен. Жителите се без струја, а многу од нив морале да избегаат од поплавите на покривите на куќите.
Граѓаните на социјалните мрежи тврдат дека на улиците имало крокодили и змии.
На североистокот повеќе од 20.000 луѓе се присилени на евакуација поради опасност од поплави. Поради наглиот пораст на реките на улиците се забележани крокодили и змии, пренесува Си-ен-ен.
Прогнозите не се добри, затоа што метеоролозите најавуваат нови врнежи во следните денови.