05 Мај, 2024
0.0294

(ВИДЕО) ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО ОД БЕРЛИН: Луѓето лежеа неподвижни на земја, крв насекаде!

Објавено во: Свет 20 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

За трагедијата на божиќниот саем во Берлин во која црн камион со полски регистрации уби најмалку 12 луѓе и повреди повеќе од 50, сведочи Мостарката Лана Шеховиќ.

Крв, паника, ужас на плоштадот во Берлин откако камион прегази посетители на божиќниот саем во германската престолнина. Возилото пролетало покрај Мостарката Лана, нејзините родители и вереник кои ги посетувале штандовите.

„Стоевме на еден штанд бидејќи татко ми и вереникот сакаа нешто да порачаат. Мајка ми беше зад мене. Јас инсистирав тато и јас да одиме понатаму, да му земам нешто друго да јаде, но не, тој сакаше да јаде тоа што и мојот вереник“, раскажува оваа Мостарка која повеќе од пет години живее во Берлин за Ал Џезеира.


Родителите дошле да ја посетат во Берлин. Никој не помислувал што ги чека.

„Во еден момент само слушам силен татнеж, се свртувам...Гледам огромен камион, луѓе на земјата, не ја гледам мама...Сите на под...Повредени, некаде крв....“, раскажала Лана. Врискам, ја барам мајка ми се свртувам кон татко ми е гледам дека се крева од под...Се крена и мајка ми. Татко ми повлече неколку луѓе на земјата. Мајка ми од силината на камионот кој поминал 20 цм од неа ја натерала да легне.

Кога видов дека тие се добро, мајка ми и јас притрчавме кон девојчето покрај нас ...Лежеше на под , неподвижна. Ја прашав дали е добро, вели не е -и падна главата...Погледот и се изгуби, раскажува Лана. Таа додава како татко и сакал да ја подигне несреќната девојка, но не му дозволила бидејќи се плашела дека девојката е потешко повредена.

„Јас тргнав да повикам итна помош и тогаш дојде мојот вереник, не влече на страна и говори дека помошта е на пат, дека мора да бегаме, дека не знаеме што уште доаѓа. Не смеевме со јавен превоз да одиме дома, само седнавме во такси“, раскажува Мостарката.

Иако сега е на безбедно, вели дека сликите од ужасот и понатаму се пред нејзините очи.


„Луѓето лежат на земја, неподвижни, крв...Камионот возеше најмалку 80 км/ч и ги косел сите луѓе кои биле таму...Уште се тресам одвнатре и не можам да се ослободам од тие слики, чуство дека во тој момент ја изгубив мојата фамилија. Мајка ми и татко ми ја преживеаа војната во БиХ, ми доаѓаат во посета и сега ова...“, се потсетува Лана. Вели дека не помислувала дека оваа година Берлин може да биде мета на напади.

„Митатата година беше зезната и темата беше многу актуелна. Почуствував напнатост во воздухот. Оваа година луѓето едноставно уживаа во божиќната атмосфера, конечно малку се опуштија“, ракажала таа.

Шеховиќ вели дека и во наредните денови во германската метропола ќе биде напнато.

„Сите во подземната железничка ќе се гледаме преку рамо и ќе размислуваме за тоа кој седи покрај нас, дали е терорист или не. Ќе се вртиме преку рамо и дефинитивно нема да уживаме во празниците. Берлин е познат по тоа за Нова година да има многу огномет и петарди. Оваа година сето тоа ќе има сосема поинакво значење...завршила Лана со сведоштвото кое ќе ја следи цел живот.

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра