(ВИДЕО) ПОЖАР ВО САРАЕВО: Татко го фрли бебето од покривот за да го спаси
Објавено во: Балкан 09 Јуни, 2020
Во Сараево, татко го фрлил бебето од покривот на зградата за да го спаси од пожар.
Пожар избувнал ноќеска во зграда во Сараево од каде се спасени четворица луѓе. Во станот на поткровјето се наоѓале брачна двојка со бебе и една повозрасна жена. Тие се онесвестиле поради чадот и се полесно повредени. Очевидците раскажале дека додека се евакуирани, таткото за да го спаси бебето го фрлил од покривот кон пожарникарите и полицајците.
Тие го пречекале во растегнато ќебе и му го спасиле животот.
Се смета дека неисправна инсталација го предизвикала пожарот.