(ВИДЕО) ПРЕЖИВЕА АВИОНСКА НЕСРЕЌА: Но, веднаш загина на сосема бизарен начин
Објавено во: Свет 27 Април, 2018
Еден Колумбиец загина, откако по хеликоптерската несреќа која ја преживеал, е згмечен од друг хеликоптер што дошол да го спаси.
На снимката објавена на интернет се гледа како вториот хеликоптер кружи над остатоците од првиот, по што пилотот губи контрола и леталото паѓа.
Локалните власти соопштија дека првиот хеликоптер паднал поради технички проблеми, по што на местото на несреќата е испратен уште еден, кој имал технички проблеми и паднал.
Несреќата се случи во планинските делови на југот од Колумбија, а со хеликоптерите се превезувале работници.