03 Мај, 2024
1.8826

(ВИДЕО) Проклето село во Бразил: Живеат во мрак бидејќи лицата им се распаѓаат на сонце!

Објавено во: Стил 19 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Во Бразилската држава Сао Паоло се наоѓа селото Арарас кое станало познато по своите зомби жители . Oвие луѓе кои страдаат од ретко генетско пореметување ги нарекуваат вампири. Од вкупно 800 жители, дури 600 од нив имаат тешки симптоми на пореметување наречено „Xeroderma Pigmentosum“.

Жител од селото Џалма Јардин открил за Дејли Меил дека поради болеста го изгубил едното око, а дека другото повеќе не може да го затвори. Тој поради болеста е приморан да остане со денови затворен во неговиот дом.

Кожата на заболените исклучително е чуствителна на сончева светлина и нема способност за регенерација после оштетувањето, поради што дури и краткотрајното изложување на сонце може да предизвика смртоносен рак на коќата. Сопственикот на локалната продавничка Глеиче Мачадо открил дека не ја знаат причината на болеста, а неуките луѓе веруваат дека тоа е казна од Бог.

„Од  „Xeroderme Pigmentosum“ во светот боледуваат околу 10 000 лица, а се работи за наследна генетска мутација“, објаснува биолог др. Карлос Менк кој ја проучувал. Научниицте веруваат дека причината на големиот број на заболени во селото е тоа што повеќето од нив потекнуваат од три семејства на португалски освојувачи кои таму се населиле во 16 век.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/E_ByIFqgAdw[/embed]