17 Мај, 2024
0.0270

(ВИДЕО) ПРОТЕСТИ ГО ТРЕСАТ „ГУГЛ“: Вработени ширум светот ги напуштаат работни места

Објавено во: Свет 01 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Стотина вработени во компанијата ,,Гугл” излегоа од своите канцеларии ширум светот во знак на протест поради благата реакција на компанијата кон одредени шефови обвинети за сексуално вознемирување. ,,Њујорк тајмс”  минатата недела објави натпис со детали околу обвинувањата на една жена за сексуално вознемирување против творецот на ,,Гугл” андроидот Енди Рубин.

Вработените на ,,Гугл” ширум светот денес ги напуштија своите работни места во 11 часот во знак на протест поради сексуално вознемирување. Неодамна беше објавено дека Гугл во последните две години поради сексуално вознемирување отпуштил 48 вработени, вклучувајќи 13 луѓе на високи позиции.

И самиот генерален директор Сундар Пичаи го поддржува протестот. Се наведува дека Рубин во 2014 година за отказот примил отприемнина во износ од 90 милиони долари, иако обвинувањата за сексуално вознемирување против него биле кредибилни.


Со протестот под назив ,,Излези за вистинска промена” инженерите и другите вработени сакаат да испратат порака до компанијата ,,Гугл” дека треба да биде потранспарентна кога станува збор за сексуално вознемирување. Во истиот натпис се откриваат обвинувања против уште неколку високопозиционирани вработени во компанијата.

Извршниот директор на Гугл Сундар Пичаи неодамна упати мејл за извинување до вработените во кој се извинува за ,,постапките на компанијата во минатото”. Пичаи во мејлот не ги споменува обвинетите по име, но не ги демантира обвинувањата.

Денешниот протест со учество на околу 94.000 вработени покажува недоверба кон компанијата ,,Гугл” и дека таа чини се’за сузбивање на ваквото однесување, наведува АП.


Фото: Твитер

Можеби ќе ве интересира

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц