(ВИДЕО) Путин е омилено јадење на канадската трпеза
Објавено во: Свет 11 Февруари, 2017
Путин е омилено јадење на канадската трпеза, а специфично е по тоа што се вика исто како и рускиот претседател, Владимир Путин.
Тоа е јадење со потекло од Квебек кое е од сирење и компири прелиено со сос.
Оваа брза храна освен во Канада, може да се најде и во делови од САД, а за другите земји е непозната.
Путин во Канада може да се купи во киоск, во ресторан, па дури и додека следите натпревар во хокеј.
Јадењето настанало во 50-те години на минатиот век.