(ВИДЕО) Путин имаше драматичен лет
Објавено во: Свет 02 Декември, 2019
Драматичен лет имаше авионот на рускиот претседател Владимит Путин, но со мала видливост успеа да слета на аеродромот.
Видливоста била помала од 500 метри.
Пред неколку дена авионот на Путин едвај слетал на аеродромот во Бишкек, поради силна магла, открија пилотите на претседателскиот авион за телевизијата „Русија 24“.
Путин на 28 ноември, престојуваше во главниот град на Киргистан, на состанок на Организацијата за колективна безбедност (ЦСТО), а пилотите кажаа дека проблемите почнале веднаш по полетувањето од аеродромот во Санкт Петербург.