Видео: Путин не може да си го препознае својот ракопис
Објавено во: Свет 28 Април, 2018
Рускиот претседател беше „фатен“ како половина минута се обидува да ги дешифрира белешките кои самиот ги напишал за повеќе дадени предлози за законски измени во Русија за време на средбата за легислативни измени во Санкт Петербург.
Тој се пошегува на своја сметка велејќи дека ракописот му е како „пилешки шкртаници“ и дека белешките ги направил во брзање поради големиот број на интересни и квалитетни идеи кои ги добил.
Снимката ја објави и Раша Тудеј, телевизија која добива државна помош, во обид да го прикаже рускиот претседател и во похумано светло, односно дека и тој може да направи грешка.