Видео: Русија со една бомба од дрон уништи 1 милијарда долари вредно оружје
Објавено во: Свет 28 Јули, 2017
Руските сили го изведоа можеби најефикасниот напад во поновата историја откако беспилотно летало фрли бомба над воен магацин во источна Украина. Од експлозијата уништени се оружје, муниција и воена опрема вредни 1 милијарди долари. Во нападот едно лице го загуби живот, а петмина се повредени.
Рускиот дрон носел само една граната од термит, еден од најмоќните видови на експлозиви кој има разорно дејство предизвикувајќи силни хемиски реакции. Доволен бил еден удар за потоа да започне синџир на експлозии во воената база Балаклеја.
Претходно сличен обид за напад бил извршен кон крајот на 2015-та но истиот завршил неуспешно без бомбата од термит да експлодира.