(ВИДЕО) СЕ БАРА ПОМОШ: Венецуела може да биде нов Виетнам?
Објавено во: Свет 30 Јануари, 2019
Mожно е Венецуела да биде нов Виетнам.
На ова предупреди венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, и побара помош од американскиот народ.
Вели дека „САД сакаат да им ги земат огромните залихи на нафта на Венецуела, како што тоа го направија во Ирак и Либија".
Мадуро додаде дека е убеден дека тој е на „вистинската страна на историјата" и ги повика обичните Американци да помогнат американската војска да не дојде во Венецуела.
„Сакам да испратам порака до американскиот народ. Се подготвува кампања за да се оправда државниот удар на Венецуела. Подготвена, финансирана и активно поддржана од администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Нема да дозволиме Виетнам во Латинска Америка“, рече тој во видео снимено во претседателската палата.
Ако САД интервенира вели дека ќе биде полошо од она што се случуваше во Виетнам.Американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараше со лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо, уверувајќи го дека Вашингтон ја поддржува неговата претензија за функцијата шеф на државата, соопшти Белата куќа. Мадуро денеска се појави на терен со припадници на војската пред најавените антивладини протести. Мадуро тврди дека Трамп наредил негово убиство.
Откако вчера главниот државен обвинител на Венецуела Вилијам Сааб побара од врховниот суд на таа земја на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, самопрогласениот привремен претседател да му забрани да ја напушта земјата и да му ги блокира сметките, венецуелскиот врховен суд го одобри барањето.