(ВИДЕО) Се отвори земјата во Петриња по разорниот земјотрес
Објавено во: Балкан 29 Декември, 2020
На влезот во Петриња во Хрватска каде имаше разорен земјотрес, асфалтот целосно се распука, а земјата буквално се отвори.
Силниот земјотрес од 6.2 степени беше проследен со два нови потреси околу 4 степени. Најмалку седум лица загинаа во разорниот земјотрес којшто го погоди градот Петриња. Заменик-шефот на хрватската служба за спасување, Невен Путар, изјави вечерва дека ХГСС спасила шест лица од урнатините во земјотресот во погодената област Петриња досега и додаде дека операцијата за потрага и спасување ќе продолжи во текот на ноќта.
Вечерва, шефот на ХГСС, Јосип Граниќ, рече дека на терен биле ангажирани 169 членови на ХГСС од 19 станици на ХГСС од сите делови на Хрватска, потпомогнати од кучиња трагачи.