17 Мај, 2024
0.0320

(ВИДЕО) СЕ ПРОГЛАСИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: Трамп го призна, а народот излезе на улици

Објавено во: Свет 23 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гваидо се прогласи за в.д. претседател во пркосниот говор пред толпата народ на антивладините демонстрации што денеска излезе на улиците да бара оставка на претседателот Николас Мадуро.

35-годишниот Гваидо, кој е претседател на Конгресот каде мнозинство има опозицијата, даде заклетва пред Бога дека ја презема власта и рече дека тоа е негово право според венецуелскиот Устав, и дека ќе биде претседател додека не се распишат нови избори.

Гваидо рече дека презема ризичен политички чекор на само 2 недели откако Мадуро го почна вториот 6-годишен мандат, но дека е убеден дека тоа е единствениот начин да се спаси Венецуела од диктатурата и да се обнови уставниот поредок.

Тој веднаш е признаен од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека ќе ја искористи „сета тежина“ на американската економска и дипломатска моќ за да поттикне обновување на демократијата во Венецуела.

Веста дека Трамп го признава Гваидо за привремен претседател на Венецуела до изборите, дополнително ги разлути илјадниците луѓе кои излегоа на протести, при што четворица загинаа. 

Гваидо е актуелен председател на народното собрание во Венецуела, кое е под контрола на опозицијата и од каде беа повикани жителите на масовни протести низ целата земја против режимот на Мадуро.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс објави порака во која напиша дека САД го поддржуваат народот на Венецуела.

фото AP


Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра