(ВИДЕО) СЕ ТЕПАА ГРУЗИСКИ ПРАТЕНИЦИ: Законот за странски агенти создаде раскол
Објавено во: Свет 15 Април, 2024
Тепачка се случи денеска во Парламентот во Грузија.
Се тепаа пратеници при разгледување на законот за странски агенти. Лидерот на опозициската партија „Граѓани“, Алеко Елисашвили, го нападна извршниот секретар на владејачката партија „Грузискиот сон“, пратеникот Мамуку Мдинарадзе.
Во конфликтот потоа се приклучуваат и други пратеници. Пратеникот го изнесоа надвор од салата.
Овој месец, „Грузиски сон“ кажа дека ќе воведе закон според кој сите организации кои примаат пари од странство ќе бидат означени како странски агенти. Овој закон првпат беше најавен пред 13 месеци, но беше одложен поради протести во земјата. Европската Унија и САД кажаа дека се противат на законот.
„Грузиски сон“ вели дека го поддржува членството на Грузија во ЕУ и НАТО, а истовремено ги продлабочува односите со Русија. Партијата вели дека овој закон е потребен за да се спречат лажните либерални вредности наметнати од странство.