(ВИДЕО) СЕГА Е НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ: Жителот на Дреновци раскажа како се спасил откако мечката го нападна
Објавено во: Македонија 12 Април, 2024
Првиот човек на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов, разговараше со повредениот Цане Србиновски, 61-годишен жител на селото Дреновци во Општина Долнени, кого во неделата го нападна мечка.
Во болницата во Велес, му е пружена помош, а сега е на домашно лекување.
Лани постар човек од Пласница исто се соочи со мечка во шума и таа го нападна. Ловците кои биле во близина пукале по што мечката избегала.
фото ЦУК