18 Мај, 2024
0.0261

(ВИДЕО) Што ќе правевте, ако парите немаа значење?

Објавено во: Стил 01 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

За да им помогне на своите ученици да откријат својата цел во животот, британскиот филозоф Алан Вотс им поставувал едно многу просто прашање: "Што би правеле, ако парите немаа значење?". Тој тврди дека во одговорот на ова прашање лежи клучот за задоволство, исполнет и значаен живот.

"Заборавете за парите, бидејќи ако да заработувате пари е најважното нешто за вас, вие дефинитивно ќе си го потрошите залудно животот. Ќе правите работи кои не ви се допаѓаат за да продолжите да живеете. А тоа е глупаво ... И можеби така ќе ги виспитате и вашите деца. И тие така нивните деца ", вели Вотс. "Ако сепак правите нешто што ви се допаѓа, без разлика што е тоа, вие најверојатно ќе станете многу добри во тоа. И тогаш средствата сами ќе дојдат. Затоа е многу важно да си одговорите на прашањето: "Што навистина сакате?" И да се осмелите да го направите ".

Видете го видеото:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/KSyHWMdH9gk[/embed]