(ВИДЕО) Швајцарија пушта автобуси без возачи
Објавено во: Свет, Стил 10 Ноември, 2015
Првите „беспилотни” автобуси, ќе бидат пуштени по швајцарските улици на пролет.
Овие превозни средства ќе имаат капацитет од 10 патници и ќе возат со брзина до 50 километри.
Автобусите се создадени од компанијата “BestMile” и се ставени под капата на швајцарската автомобилска компанија Postbus. Тие ќе се движат во градот Сион.
Слични автобуси ќе бидат пуштени во употреба и во САД. Местото ќе биде бизнис паркот Bishop Ranch во Сан Рамон, Калифорнија, а возилата се француски робот автобуси кои ќе ги превезуваат патниците во паркот.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=0Ce6xAyU8mk[/embed]