(ВИДЕО) СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС: Луѓето во паника бегаа, ќе следи и цунами
Објавено во: Свет 05 Август, 2018
Силен земјотрес со jaчина од 7 степени го погоди островот Бали и Ломбок. Издадено е предупредување од цунами, а нема податоци за евентуални жртви.
Епицентарот на земјотресот е на длабочина од 15 километри во близина на северното крајбрежје на Ломбок.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, потресот е почувствуван низ Индонезија, на Јава и на Бали, каде луѓето во паника истрчале на улица.
Нема информации за евентуални штети и жртви.
Кон крајот на јули, островот го погоди земјотрес во кој загинаа 14 луѓе.