(ВИДЕО) СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС НА ФИЛИПИНИТЕ: Има загинати и најмалку сто повредени
Објавено во: Свет 29 Октомври, 2019
Шест загинати има во силен земјотрес од 6.6 степени кој денеска ги погоди Филипините.
Повеќе од сто луѓе се повредени во силниот земјотрес, кој го зафати островот Минданао, во јужниот дел на Филипини. Повеќето се повредени додека бегале да ги напуштат домовите.
Филипинскиот Институт за сеизмологија и вулканологија го лоцираше епицентарот на околу 25 километри источно од градот Тулунан, во провинцијата Котабато, на длабочина од седум километри.
Земјотресот доведе до лизгање на земјиштето во регионот кој претрпе голема материјална штета во потресот од пред две недели, кога загинаа пет лица.
Градоначалникот на Тулунан Реуел Лимбунган изјави дека околу 90 отсто од куќите во трите најпогодени села се оштетени.
Во неколку градови прекината е наставата во училиштата за да се прегледаат зградите по потресот. На Филипините месецов имаше уште еден земјотрес во кој загинаа пет лица, а имаше и голема материјална штета.