(ВИДЕО) Силен земјотрес во Индонезија: Властите предупредија за можно цунами
Објавено во: Свет 08 Јули, 2019
Источниот дел од Индонезија го погоди силен земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтер. Земјотресот е регистриран во морето Молучко во западниот дел на Тихиот Океан, меѓу островите Амлуку и Сулавеси, пренесуваат медиумите од регионот.
Туристите и населението се евакуирале од можно цунами, а алармот го вклучи власта во земјата.
Минатиот септември деструктиван земјотрес со интензитет од 7,5 го погоди индонезискиот остров Сулавеси, проследено од цунами. Околу 70 000 домови беа уништени или оштетени, 80 000 лица беа евакуирани и околу 2 000 лица починати, според информациите на индонезиската влада.
Видео Happy With You