(ВИДЕО) СИЛНО НЕВРЕМЕ: Гром уби стадо овци
Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2020
Во Србија, гром усмртил стадо од 28 овци.
Невреме имало во Горњи Милановац каде 25 минути паѓал град, а денеска напладне невреме проследено со силен дожд и грмотевици го зафатило регионот околу Брус, каде гром уби стадо од 28 овци.
За време на невремето, стопанот на стадото и неговото семејство биле во близина, но поминале без последици.
И вечерва се очекува невреме во Србија според прогнозите.
Невреме денеска имаше и во Источна Македонија.