(ВИДЕО) СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО БАРСЕЛОНА: Зошто Пуџдемон го одложи говорот?
Објавено во: Свет 10 Октомври, 2017
Каталонскиот лидер, Карлес Пуџдемон реши да го одложи говорот, во кој се очекува да соопшти дали овој автономен регион ќе прогласи независност од Шпанија или ќе се откаже од таа идеја.
Говорот беше закажан за 18 часот, но според најавите ќе биде одржан најмалку еден час подоцна.
Локалните медиуми соопштија дека во тек е средба на Пуџдемон со претседателот на Европарламентот, Антонио Тајани и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. За западните медиуми е добар знак одложувањето на говорот.
Шпанските власти ја зајакнуваат безбедноста на аеродромите и железничките станици во Каталонија пред парламентарната седница, на која лидерот на автономната област Пуџдемон може да прогласи независност од Мадрид.
Низ улиците на Каталонија е присутно силно полициско обезбедување.