(ВИДЕО) Со асфалтирање на пат станаа популарни - како го прават тоа?
Објавено во: Свет 12 Јануари, 2017
Во Западна Австралија малото место Мура преку ноќ стана популарно поради асфалтирање на пат.
Виралното видео од асфалтирање на локален пат кое е објавено има повеќе од 15 милиони прегледи на Фејсбук.
Мура стана популарна поради првиот човек на заедницата, Алан Лисон кој одлучил да го снимат асфалтирањето на патот. Видеото е малку забрзано, а целата процедура трае 15 минути и се гледа како прво едниот камион асфалтира долга и широка лента со едно поминување, а потоа се гледаат камионите што го довршуваат процесот.
Лисон раскажува дека не очекувал видеото да стекне толку голема популарност, но дека се горди што добиваат пофалби за работата и што снимката е толку многу гледана.