(ВИДЕО) Со падобран удрија во електрични кабли
Објавено во: Свет 28 Септември, 2018
Сопружници кои летувале на руското црноморско приморје едвај преживеале откако нивниот падобран ненадејно удри во електрични кабли.
„Парасејлингот“ е популарен во туристичките места, и затоа мажот и жената одлучиле да се забавуваат во Џубга. Но, поради силниот ветер, можеа да загинат.
Ветерот го однел падобранот директно во електричните кабли, откако, како што откриваат истражителите, возачот на глисерот кој го влече падобранот премногу се доближил до брегот.
Само што падобранот ги допре електричните кабли, се слушна струен удар, еден од каблите се скина, а мажот и жената неконтролирано започнаа да се вртат во воздух.
Ова го видоа туристи, а на снимката може да се слушнат и нивните вресоци. Падобранот се спушти на песокот, па останатите туристи веднаш притрчаа на помош.