(ВИДЕО) Страотни сцени од португалскиот пожар кој однесе животи и „голтна“ домови и автомобили
Објавено во: Свет 19 Јуни, 2017
„Заробени“ во своите автомобили изгореле дел од жртвите во големиот пожар кој вчера ја зафати Португалија.
Во пожарот животот го загубиле 62 лица, а исто толку се повредени и со тешки изгореници. Светските агенции објавија снимки од местата каде пожарот беснееше.
Сцените кои се гледаат на снимките се апокалиптични. Насекаде има пеплосани возила удрени едни во други, некои излетани од патот, а некои превртени.
Некои луѓе успеале да избегаат, но многумина се задушиле од чадот и изгореле во своите автомобили. Други починале додека се обидувале да избегаат од стихијата.
Пожарот избувна околу пладне во планинската област на Леириа. Екстремно високите температури уште толку помогнаа за да се рашири огнот. Во огнената стихија се уништени многу домови.