(ВИДЕО) Терорист призна се пред Русите, му дале 500.000 евра
Објавено во: Свет 23 Март, 2024
Еден од осомничените лица, наводно, по неговото апсење, на објавено видео признава дека учествувал во терористичкиот напад на концертната сала во кој загинаа најмалку 115 луѓе, а над 100 беа повредени.
Како што рече, тој пристигнал од Турција на 4 март и му наредиле да ги убие сите присутни на концертот, а за тоа ќе добие 500.000 евра. Половина пари веднаш му биле префрлени на сметка, а потоа имал и тренинг. Тој тврди дека бил контактиран преку Телеграм и дека не знае кој му го дал оружјето. Со него стапил во контакт преку посредник, а вели дека има 26 години.
На Телеграм, наводно, се појави видео од сослушувањето на уште еден осомничен за нападот.
Да потсетиме, Федералната служба за безбедност на Русија денеска по апсењето соопшти дека четворицата осомничени терористи, по нападот што синоќа го извршија во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва, имале намера да ја преминат границата меѓу Русија и Украина. и дека имале контакти на украинска страна.
— Pluton (@Pluton45873221) March 23, 2024