(ВИДЕО) Тестиран интерконтинентален балистички проектил - еве како тоа изгледаше
Објавено во: Свет 26 Април, 2018
Воздухопловните сили во Калифорнија успешно тестираа интерконтинентален балистички проектил наречен Минутмен III, наменет за носење нуклеарни боеви глави.
Ова е прв ваков тест годинава, а последниот е направен во август лани. Првично тестирањето било закажано за февруари, но било одложено.
Проектилот е лансиран од воздухопловната база Ванденберг во јужна Калифорнија. Проектилот ја погодил означената цел, но во него немало боево полнење.
Со ова тестирање е проверена подготвеноста, ефикасноста и прецизноста на системот што управува со балистичките проектили.
Минутмен III моментално е единствен интерконтинентален балистички проектил во составот на американските вооружени сили.