(ВИДЕО) ТИЕ СЕ СВЕТСКИ ХЕРОИ ЗА 2018-ТА: Тајландските момчиња од пештерата го кренаа светот на нозе
Објавено во: Свет 31 Декември, 2018
Повеќе од две недели 12 момчиња и нивниот тренер беа заглавени во поплавена пештера од монсунски дождови во Тајланд.
Акцијата за нивно спасување траеше три дена а пештерата зеде и една жртва односно нуркачот Саман Кунан кој издиша додека им помагаше на заглавените момчиња.
Нуркачот загина во обидот да испрати боци полни со кислород по рутата од која децата и тренерот требаше да бидат извлечени, но во обидот тој самиот останал без воздух.
Светски медиуми ги прогласија за херои за 2018та а тој епитет слободно им го препишуваме и ние.
По една недела од спасувачката акција момчињата на прес конференција одговараа на прашања за своите искушенија.