18 Мај, 2024
0.0302

(ВИДЕО) ТРАНСФОРМЕР КУЌА: Кујна, трпезарија, спална и канцеларија, се во 40 квадрати!

Објавено во: Стил 17 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Во само 40 квадрати на гарсоњерата која ви ја претставуваме се сместени дневна соба, кујна и трпезарија, па спална соба, тоалет, канцеларија, како и место за ставање на работи уредно скриени под подот. Вистински „трансформер“.

Погледнете и дозволете ова станче да ве инспирира!

Тајната на овој „поп-ап“ дом е во полипропилен ѕидовите кои се ултра флексибилни и кои многу често ја прикриваат дневната соба, трпезарија, спална соба, купатило....во само 40 квадратни метри.

Пазете на главата! Имено, францускиот лежај се спушта од плафонот и се позиционира наместо дневната соба токму тогаш кога ви треба сон.

Само со едно притискање на копчето секоја просторија на овој неверојатен трансформер куќа може да се промени.

Кујната, да речеме, се појавува исклучиво по потреба. Останатото време го поминува скриена. Трпезаријата може да ја „Повикате“ од под , а после оброк со притискање на копче може да ја промените во простор за одмор и гледање филмови.

"Yo!Home" е вистинска магична кутија која може да ви биде и добар избор на забава. Секоја просторија скоро да претставува предизвик!

Тоа всушност не е никакво изненадување. Имено, основачот на компанијата Сајмон Вудров работел на проекти за кино претстави. „Механиката на сцена е магична. Ми беше желба да ја искористам за мал стан како студио кој ќе обедини три до четири соби, бидејчи , ако така не се уреди, станот станува исклучително тесен“, рекол тој.

Овој дизајн првично е претставен во 2012 година и оттогаш поминал неколку пробни верзнии. Сега кога е готов, прашање на време е кога ќе заживее во Манчестер (Англија).

Погледнете го трансформирањето:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/PyLnRR25wFs[/embed]