(ВИДЕО) Убиецот на новинарите со години се заканувал и ги вознемирувал
Објавено во: Свет 29 Јуни, 2018
Мажот кој уби пет лица, а неколкумина повредени во зградата на редакцијата на локалниот весник Капитал Газет во Анаполис, имал долга и тешка историја со тој медиум, вклучувајќи тужба и година дена вознемирување на новинарите на социјалните мрежи.
Претставник од полицијата кажал дека осомничениот е идентификуван како Џарод Рамос.
Том Марквард, пензиониран издавач и главен уредник на весникот, изјавил дека долго бил загрижен поради нападите од страна на Рамос на медиумите и новинарите.
Тој ја повикал полицијата поради Рамос уште во 2013 и размислувал да поднесе барање за забрана за приоѓање.
„Бев сериозно загрижен дека физички ќе ни наштети“, рекол Марквард. „Дури и на жена ми и кажав: Мораме да бидеме загрижени. Тоа момче би можело навистина да не повреди“.
Рамос поднел неуспешна тужба против овој медиум во 2012 година тврдејќи дека го наклеветиле во сторија .
Според судските документи, пет дена откако Рамос се изјаснил виновен за вознемирување, медиумите објавиле приказна која ги опишува наводите на жена која тврдела дека Рамос ја малтретирал на интернет.
Рамос во својата тужба наведува дека веста содржи лажни и клеветнички изјави и дека ја навредува неговата репутација.
Судијата ја отфрлил тужбата.
Рамос од тогаш малтретирал новинари и тоа пред се на Твитер.
Еден од тие твитови го објавил во четвртокот кога се заканил дека би било убаво кога „двајца новинари би престанале да дишаат“.