УЖАС ВО МЕЛБУРН: Со автомобил удрил во деца и жена
Објавено во: Свет 16 Февруари, 2018
Најмалку седум деца и една жена се повредени во Мелбурн откако во нив влетал автомобил прво на пешачки премин, a потоа и на тротоар.
Инцидентот се случил кога децата и жената чекале да ја преминат улицата на крстосница. Сите се полесно повредени и се во стабилна состојба.
Според сведоштвата се работи за машко лице со афро фризура, а голема е можноста да е со потекло од племето Маори.
Ќе се истражува дали се работи за напад со умисла.