(ВИДЕО) Вака изгледа најлуксузниот хотел во светот, а не е во Дубаи
Објавено во: Свет 19 Август, 2018
Руското летувалиште “Mriya Resort & Spa” кое се наоѓа во кримскиот град Јалта освои престижна награда на меѓународен конкурс. Во продолжение ќе откриете зошто е оценет за најлуксузен комплекс во светот.
Хотелскиот комплекс “Mriya Resort & Spa” со 422 соби и вила која се протега на површина од 270 000 квадратни метри е отворен во 2014-та.
Се наоѓа на јужниот брег на Крим, во градот Јалта, а е дизајниран од британскиот архитект Норман Фостер, во чија биографија се наоѓаат решенијата за Милениумскиот мост во Лондон.
Рускиот хотел најмногу воодушевува со својот изглед, а заедно со одличната услуга се вбројува меѓу најпрестижните комплекси.
Организацијата “World Travel Awards 2016” му ја додели првата награда во конкуренција за најдобро луксузно одморалиште.