ВИДЕО: Велешаните благодарение на Трамп заработија колку што нивните родители нема да можат цел живот!
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2016
24 вести ги посети Велешаните кои според Американски аналитичари му помогнале на новиот американски претседател полесно да седне во фотелјата на која до јануари ќе седи Обама, кога Доналд Трамп официјално ќе ја преземе функцијата Претседател на Соединетите Американски Држави.
Младите досетливи Велешани велат дека заработиле онолку пари колку нивните родители нема да можат да заработат цел живот.
За релативно кратко време тие се стекнале со станови, дуќани, автомобили.
Што всушност правеле тие?
Речиси немајќи појма од американска политика, нив ги интересирала само заработката. Копирале вести од други сајтови и ги прикачувале на своите. Потоа со агресивен маркетинг ги рекламираа на фејсбук и ловеа кликови.
Савен Неделковски има неполни 19 години. Тој за 24 вести раскажа како успеал да заработи благодарение на Доналд Трамп.
Сторијата може да ја видите во видеото.