(ВИДЕО) ВЕЛИЧЕНСТВЕН ДОЧЕК НА ПАПАТА: Историска посета и миса пред илјадници луѓе во Абу Даби
Објавено во: Свет 04 Февруари, 2019
Поглавараот на Римокатоличката црква Франциско денес официајлно ја почна историската посета на Обединетите Арапски Емирати.
Со грандиозен дочек - топовски плутони и прелет на воени авиони кои на небото оставаа бели и жолти траги, во боите на знамето на Ватикан.
Папата, кој синоќа допатува во Абу Даби, денес севечено е дочекан пред претседателската палата, со марширачки оркестар и гајдаши.
Моќниот принц на Абу Даби шикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан го дочека Франциско, првиот папа кој го посети Апрапскиот полуостров. Папата денес после пладне ќе се состане со група муслимански претставници.
Папата потоа ќе им се обрати на верските лидери на собирот кој треба да покаже верска толеранција во исламскиот регион познат по ограничувањата на религиските слободи.
Централна точка на посетата на папата на Абу Даби ќе биде утрешната миса, на која се очекува присуство на околу 135 000 луѓе.
FOTO: EPA