(ВИДЕО) Венецуелците се хранат од контејнери
Објавено во: Свет 02 Март, 2019
Граѓаните на Венецуела се хранат од контејнери.
Тони, 36-годишен стражар, пребарува по кантите за смет во богата населба во Каракас кога не е на работа, барајќи храна. Во земјата дури и оние коишто работат немаат доволно за да јадат.
„Ќе помирисам, и ако мириса на храна, ја носам дома“, вели Тони, кој одбил да го каже презимето бидејќи не сака неговата сопруга и четирите деца да знаат како се снаоѓа за храна повеќе од една година, пишува Ројтерс.
Претседателот Николас Мадуро, кој е на власт од 2013 година, а беше реизбран лани на гласање што нашироко се смета дека е наместено, претходно ги отфрлаше прашањата на новинарите за пребарувањето по храна во контејнерите велејќи дека тоа е дел од пропагандна кампања со поддршка на САД.
„Морав да ги научам децата да јадат сè“, вели Естефани Кинтеро (35), мајка на седум деца, која патува два часа од оддалечено предградие до Каракас за да довлечка вреќи со ѓубре.Таа го вперува прстот кон Владата, и вели дека порано имале појадок, ручек и вечера.