(ВИДЕО) Во Далмација се очекува невреме, Хрватска се мобилизира
Објавено во: Балкан 19 Септември, 2017
Во Хрватска се очекува невреме и обилни врнежи.
Во земјава во изминатите неколку дена се надминати рекордите за количеството врнежи, а за денеска е издадено црвено предупредување за реонот на градовите Госпиќ, Риека и Сплит.
Според податоци на метеоролошките служби во градовите Пазин, Карловац, Пореч и Госпиќ, во изминатите денови се измерени најголеми количества врнежи од почетокот на мерењата во 1872 година. Рекорди во количества на врнежи за месец септември се забележани во регионот на Задар и на островот Раб.
Во Шибеник темни облаци го покрија градот. Во Трогир еден склад остана без покрив поради невреме.
Нови поројни дождови се очекуваат денеска и утре, а во Госпиќ и Огулин, кои викендов беа поплавени, метеоролозите прогнозираат над 40 милиметри дожд на квадратен метар.