Видео: Во Дубаи такси дронови ќе пренесуваат патници
Објавено во: Свет 13 Февруари, 2017
Транспортните власти од Дубаи започнаа амбициозен план до јули да ги активира такси дроновите со кои треба да се превезуваат патниците.
Бидејќи дронот може да лета се очекува патниците многу побрзо да стигнуваат до своите дестинации и да ја избегнат гужвата во сообраќајот. За летање ќе се користи дронот Ehang 184 кој се движи со 100 километри на час.
Внатре во дронот патникот на екран на допир ќе ја одреди својата дестинација и ќе може да помине околу 30 минути во воздух што е сосема доволно да се стигне од еден до друг крај на градот.
За безбедноста патниците не треба да се грижат бидејќи ако еден пропелер откаже има резервни 7 кои ќе го довршат патувањето без никакви проблеми. Засега не се открива колку ќе чини цената на превозот со дронови во Дубаи.