(ВИДЕО) Во овој град на покривот на градските автобуси расте цвеќе
Објавено во: Стил 12 Јануари, 2017
На покривот на градскиот превоз расте цвеќе со цел да се поттикне свеста за важноста на природата.
Ваква необична идеја имаат мадридските власти.
На покривот на градските автобуси наскоро ќе има вистински градини.
Порано автобусите во Лондон беа атракција и секој ги фотографираше, а истото може да се случи и со автобусите во Мадрид.
Се верува дека ваквите градини на покривот ќе впиваат загадување, топлина, бучава.
За почеток овој пилот проект ќе биде испробан на 30 автобуси.