18 Мај, 2024
0.0261

(ВИДЕО) Водата се повлече и од Нивици, каде што се потпиша Преспанскиот договор

Објавено во: Балкан 22 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

„Катимерини“  го посети Преспанското езеро од грчката страна за да открие што се случува со феноменот со повлекување на водата. Новинарската екипа го посети и крајбрежното место Псарадес, во Македонија познато како Нивици, каде што беше потпишан Преспанскиот договор помеѓу Грција и Македонија.

Ставрос Диманопулос, претседател на месната заедница Псарадес, инаку локален рибар, стравува дека Преспанското езеро може целосно да исчезне за две до три години, додека се потсетува дека во 60-тите години од минатиот век скокале директно од дворовите на куќите во езерото, се прикажува во видео-репортажата.

Локалните жители велат дека феноменот на повлекување започнал пред триесет години. Од 90-тите години, нивото на Голема Преспа започна да опаѓа, губејќи вода од година во година, со резултат што денес изгуби вкупно осум метри од длабочината.

Сега 200 метри должина ги одделуваат првите куќи од брегот. Стравуваат дека основните економски дејности како риболовството, земјоделството и туризмот ќе исчезнат заедно со езерото.

Бидејќи нивото на езерото започна да опаѓа, истражувачи од многу земји побрзаа да ги бараат причините. Заклучоците се нејасни. Она што малкумина го знаат е дека водите се повлекуваат низ подземните галерии во Охридското Езеро. Ова ја комплицира работата на научниците. Но, она што тие успеаја да го докажат е дека и климатските промени дефинитивно се фактор.

"Подземните канали што ги водат водите на Голема Преспа кон Охрид се неконтролирани. Тоа е природен феномен. Но, климатската криза не е природен феномен. Тоа е нешто што сите го направивме на планетата“, вели Мирсини Малаку, директор на компанијата за заштита на Преспа

Малаку вели дека оваа година за прв пат не е склучен договор со ниту една компанија за расчистување на снегот во општината

Прашањето за повлекување на езерото не е само естетско прашање. Ефектите од климатските промени врз екосистемот и локалната заедница се многу значајни. Една од нив е намалување на популацијата на риби, за некои дури се разгледува и можноста за загрозување. 

"Ако езерото се намали уште малку повеќе и рибата се изгуби, ние ќе бидеме принудени да заминеме. Ако не можеме да победиме во ова, нашите деца ќе заминат. Ќе нема што да прават тука“ вели рибарот Диманопулос.

„Катимерини“ известува дека езерото што се повлекува и остава кал и трска зад себе го „удрила“ туризмот и во Северна Македонија, каде според изданието, изминатиот период било вложено многу во своите плажи. 

Градоначалникот на Преспа, Панајотис Пашалидис, тврди дека од грчка страна, со исклучок на периодот на коронавирусот, туризмот се зголемил во изминатите три години, бидејќи се повеќе Грци и странци доаѓале да му се восхитуваат на екосистемот на Преспа и природните убавини, црквите и старите градби од областа и нејзината гастрономија. 


Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел