(ВИДЕО) ВОЗИЛА ЗАГЛАВЕНИ ВО СНЕГ: Колоната е долга 16 километри
Објавено во: Свет 02 Февруари, 2019
Снегот во Италија блокираше илјадници возила, а колоната е долга 16 километри.
Илјадници возила беа блокирани на автопатот што ги поврзува североисточните делови на Италија со Австрија, а колоната од возила е долга околу 16 километри. Блокадите на патиштата се предизвикани од снежните врнежи. Околу 200 луѓе се спасени.
Поради невремето, голем број камиони или автобуси кои немале соодветна зимска опрема, се излизгале на автопатите и предизвикале големи блокади во сообраќајот.