(ВИДЕО) Вучиќ прашува кој е премиер на Македонија?
Објавено во: Балкан 15 Февруари, 2017
Српскиот премиер, Александар Вучиќ во едно телевизиско интервју го постави прашањето: Знаете ли кој е денес премиер во Македонија?
„А кој е денес премиер? Не се знае. А не знаат ни граѓаните“ - рече Вучиќ.
Емитувана беше и анкета со граѓани на која се гледа дека дел од граѓаните не знаат кој денес е премиер на Македонија. Некои дури не слушнале за Емил Димитриев кој ја води техничката влада повеќе од една година.
Вакви провокации и напади од соседите зачестија во последниот период.