(ВИДЕО) ЗАГИНАА 11 ЛУЃЕ: Шпански град е прекриен со морска пена
Објавено во: Свет 23 Јануари, 2020
Шпанскиот град Тоса де Мар е поплавен со морска пена. Снежното невреме Глорија однесе 11 жртви, откако дожд и снег почнаа да паѓаат во понеделникот.
Засега 5 луѓе се водат за исчезнати. Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска посети некои од најтешко погодените подрачја и се сретна со спасувачките тимови на теренот. Тој најави парична помош за пет региони.