03 Мај, 2024
0.0243

(Видео) Започна изградбата на новата болница во Штип, еве како ќе изгледа

Објавено во: Стил 03 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Новиот клинички центар во Штип денеска започна со изградба. Инвестицијата ќе чини 30 милиони евра, а болницата ќе располага со осум нивоа со голем број болнички одделенија и со 300 легла за пациенти.

Таа ќе се гради на површина од 34.000 квадратни метри. Ќе гради компанијата 'Интеркат' од Грција, според критериумот најниска цена на технички прифатлива понуда.

Министерот Тодоров информира дека на покривниот дел од целата зграда ќе се изградат зелени градини, кои ќе имаат посебен систем за наводнување, а градината ќе служи за одмор и за прошетка на вработените и на пациентите. Општинарите ќе изградат пристапни улици до болничкиот комплекс, кој ќе се гради на местото меѓу сегашната стара зграда и старото детско одделение кои е се реновираат и ќе се вклопат во новиот објект.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ZDuza5Geym0[/embed]

На поставување на камен-темелникот вчера присуствуваа претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев, министерот за здравство Никола Тодоров, како и градоначалникот на Штип Илчо Захариев. На свеченоста присуствуваше и Никола Груевски, кој новата клиничка болница во Штип како премиер ја најави уште пред една година.