07 Мај, 2024
0.0392

(Видео) ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА СОФИЈА: Робот кој гледа, слуша и зборува

Објавено во: Стил 27 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Робот кој неверојатно многу наликува на човек, стана хит во светот. Софија е робот компанијата Hanson Robotics, која прави човечки гримаси, знае да зборува, и има камери во очите кои овозможуваат да ги гледа лицата на луѓето и да воспоставува контакт со очите.

Освен тоа, нејзините алгоритами се подесени на тој начин што со текот на времето ќе станува попаметна.

Софија е прилично сигурен робот, со оглед на тоа што таа, заедно со други роботи од таков вид, е дизајнирана да служи во областите на здравствена заштита, терапија, едукација и служба за корисници.

Софија беше претставена на фестивалот „SXSW Interactive“ кој се одржува секоја година во март, во Остин, главниот град на Тексас.

Кога ја прашале дали сака да ги уништи луѓето, таа одговорила: „Добро. Ќе ги уништам луѓето“.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=641D5QQ3b5o[/embed]