(ВИДЕО) Земјотресот во Грција уништи патишта, нема повредени луѓе
Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2016
Има материјална штета по планинската патна мрежа во реонот поради лизгање на земјиштето, но нема човечки жртви, соопштуваат грчки медиуми.
Потресот бил почувствуван и на островот Крф во Јонското Море, популарна туристичка дестинација, пренесoa грчките агенции .
Грција и околу регионот често се тресе од земјотреси во морето, а повеќето не предизвикуваат сериозни штети, забележуваат агенциите.
Имено, земјотрес со интензитет од 5,3 беше регистриран синоќа во близина на границата на Грција со Албанија.
Епицентарот на подземните потреси бил на 25 километри северозападно од градот Јанина и на 215 километри југозападно од Солун. Земјотресот бил на длабочина од 21 километри.